Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар водеше на полувреме, но КК Куманово дојде до нова победа
Вардар водеше на полувреме, но КК Куманово дојде до нова победа

Вардар водеше на полувреме, но КК Куманово дојде до нова победа

Вчера во Кале екипата на Куманово го победи Вардар  со резултат 86-95. Кумановчани беа „домаќини“ на наш терен поради проблеми во нивната матична сала „Перо Наков“. Но тоа не им посмета на кошаркарите од Куманово 2009 да стигнат до триумфот.

Водството од (10:4) на Куманово, по нецели три минути од играта, го натера домашниот тренер на тајм-аут. Продолжија „вардарци“ доста поангажирано и пред се, ефикасно. До крајот на првата четвртина, стигнаа и до минимална предност (23:22).

Доста израмнето се играше во вториот дел од мечот.Ниту една од двете екипи не направи некоја поголема разлика. Од негатива од три поени (31:34), со серијата (11-3), во 16.минута, „црвено-црните“дојдоа до највисоката позитива, пет поени (42:37).

А со два помалку (49:46), го затворија првото полувреме.

Или 20.минути во кои кај Вардар одлично функционираше двоецот Диксон-Провел, кои искомбинираа 33.поени. Додека на другата страна, „двоцифрен“ број на поени додоа Ливингстон (11), и Зивчевиќ (10).

Во продолжение на натпреварот, многу подобра игра на гостите од Куманово. „Сино-белите“ направија комплетен резултатски пресврт во третиот период.

Го добија со двоцифрени (25:14), дојдоа до позитива од осум поени (71:63) со која влегоа во последниот дел од дуелот „Под Кале“. Период во окој имаа и плус од 11.поени (82:71) во 35.минута. Разлика која Вардр скоро ја достигна за нецели 120 секунди (78:82). Но Рос, со помош на Робев, кој беше „мирен“ од линијата за слободни фрлања, го одбија тој напад на домаќините.

По поените на Марковски, во последната минута, кумановци стигнаа до ново двоцифрено водство (92:82) и победа. За нив четвртта во само шест одиграни мечеви во досегашниот дел од сезоната.

Вардар останува на една победа, сега и седум порази во осум одиграни мечеви.