Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија го победи Чиле и се пласираше во следната фаза на СП
Македонија го победи Чиле и се пласираше во следната фаза на СП

Македонија го победи Чиле и се пласираше во следната фаза на СП

Македонија ја забележа првата победа и обезбеди пласман во следната рунда на мундијалот во Египет. Избраниците на Брестовац го добија решавачкиот натпревар против селекцијата на Чиле, која ја совладаа со резултат 32:29.

Во голем дел од првото полувреме, противникот беше тој кој имаше постојано предност, но истата на достигна повеќе од два гола разлика. Се случуваа пресврти во нашата игра, на моменти знаевме да заиграме подобро и да го превземеме водството, но имаше и периоди кога лошо игравме во одбраната. На полувреме, селекцијата на Чиле замина со минимално водство од 16:17, резултат кој не му даваше за право да се радува предвреме.

Македонија го покажа вистинското лице во вториот дел, заигравме далеку поцврсто во одбраната, одличен на голот беше Никола Митревски, како и Томовски кој успеа да скроти два удари од седум метри. Како одминуваше вториот дел постепено ја заголемувавме предноста, за во еден момент да имаме и три гола позитива. Чиле не можеше да се врати во игра, иако за нив и нерешен резултат беше доволен за пласман понатаму. Се беше јасно, кога Македонија поведе и со четири голови разлика, немаше време за големи возбудувања и пресврти, славевме со резултат 32:29.

За играч на натпреварот беше прогласен Лазаров кој беше најефикасен со 8 голови. Од вардаровите играчи, Димитриоски беше стрелец на 3, додека Стоилов на 2 гола.

Во следната фаза од натпреварувањето, Македонија ќе вкрсти со репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија.