Последна шанса за Македонската ракометна репрезентација да обезбеди пласман во следната рунда на мундијалот во Египет.
Денес на програмата е 3.коло во групата Г во која Македонија за противник ја има селекцијата на Чиле. Двете репрезентации по одигрување на двете кола немаат победа, па сигурно дека триумфот ќе биде императив за двете селекции.
Избраниците на Брестовац одиграа многу лошо на првите два натпревари на кои беа убедливо поразени од Шведска и Египет. Пред заминувањето на СП, Македонија на два пати го победи Чиле, на пријателски натшревари кои се одиграа во Скопје.
Брестовац го одреди составот за денешниот дуел, во истиот ќе се најдат и ракометарите на Вардар, Стоилов, Мишевски, Талески и Димитриоски. Натпреварот започнува од 15:30 часот со директен пренос на МТВ-1