Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат распоредот на одигрување натпревари за Македонија во следната фаза на СП
Познат распоредот на одигрување натпревари за Македонија во следната фаза на СП

Познат распоредот на одигрување натпревари за Македонија во следната фаза на СП

Со победата над Чиле, ракометната репрезентација на Македонија обезбеди пласман во следната фаза од СП. Од нашата група, покрај Македонија во следната рунда се пласираа Шведска и Египет.

Веќе е познато со кои противници ќе вкрстиме во новоформираната група. Тоа се репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија. Веќе е познат и распоредот на одигрување на натпревари. Најпрво во среда ќе се сретнеме со репрезентацијата на Словенија, додека во петок ќе ги одмериме силите со Русија. Во последното коло за противник ја имаме Белорусија, натпревар кој ќе се одигра во недела.

Во четврт-финалето ќе се пласираат само репрезентациите кои ќе завршат на првите две места. Македонија ќе започне без бодови, додека со максимални 4 бодови влегува селекцијата на Шведска.