За нешто помалку од еден месец се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија, арно ама сите прволигаши почнаа со тренинзи освен нашиот Вардар кој засега не се активираше и би можел да има големи проблеми ако истото не го стори во најбрз можен рок.
Сепак ова не е единствениот проблем кај вардарци. Досега неколку фудбалери од тимот си заминаа и на пролет нема да ги бранат боите на Вардар.
Еве кои фудбалери досега го напуштија нашиот состав:
Јован Попзлатанов (РФС Рига)
Дарко Мицевски (РФС Рига)
Maрко Мартинага (Академија Пандев)
Чарлстон (Македонија ЃП)
Бесар Гуџуфи (Беласица)
Матеј Цветаноски (Шкупи)
- Листата би можела да се зголеми, доколку не се најде решение во скоро време.