Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Валчак и Чупиќ со нови победи, вардарците ќе ги гледаме и во следната фаза на СП
Валчак и Чупиќ со нови победи, вардарците ќе ги гледаме и во следната фаза на СП

Валчак и Чупиќ со нови победи, вардарците ќе ги гледаме и во следната фаза на СП

Нови победи за двајца вардарци кои се дел од СП кое е актуелно во Египет. Иван Чупиќ со Хрватска и Патрик Валчак со Полска излегоа како победници во дуелите со селекциите на Катар, односно Бразил.

Хрватска со победа ја заокружи првата групна фаза и на тој начин ќе пренесе три бода во следната фаза од натпреварување. Момците на Червар одиграа добар натпревар и беа подобри од репрезентацијата на Катар триумфирајќи со резултат 26:24. Во најголем дел од првото полувреме, „коцкастите“ имаа водство, највисокото беше при резултат 6:3, за селекцијата на Катар постепено да се врати во игра и да го израмни резултатот на 10:10. Сепак на полувреме, Хрватска замина со позитива од два гола (13:11).

Во вториот дел гледавме игра гол за гол, а Хрватска одржуваше предност која се движеше од 1-3 гола ралика. Катар на моменти се закануваше кога намалуваше на само еден гол разлика, но сепак недоволно за да се избегне пораз.На крајот конечниот резултат гласеше 26:24.

Иван Чупиќ се запиша во листата на стрелци, постигнувајќи два гола.

Полска продолжува со одличните игри, забележувајќи ја втората победа во групата. Полесно од очекувањата, Полска со двоцифрена разлика го победи Бразил. На овој дуел во првото полувреме, Полска имаше во голем дел водство, највисоко од три гола (5:8), но следеше период во кој Бразил постигна четири голови во серија за превземање на предноста од 9:8. Полјаците беа упорни и до крајот на првиот дел ја вратија предноста, која по истекот на првите 30 минути гласеше 13:11.

Целосна доминација за Полска во вториот дел од натпреварот, како одминуваа минутите позитивата постојано растеше за во еден момент да стане двоцифрена (15:25), по што беше познато кој ќе ги освои бодовите. На крајот висок триумф изразен со резултат 23:33.

Патрик Валчак успеа да постигне два гола во триумфот на неговата репрезентација. Во следната фаза, Полска ќе пренесе два бода.