Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар поразен на гостувањето во Битола
КК Вардар поразен на гостувањето во Битола

КК Вардар поразен на гостувањето во Битола

Викендов во Битола, КК Вардар во рамки на 18.коло од Првата лига гостуваше кај тимот на Пелистер. Домаќините на оваа средба се покажаа како повешти и дојдоа до победа со 18.поена разлика. Триумфот на зелено-белиот тим беше постигнат со резутат 98-80.

Домашниот тим победата ја најави уште по првата четвртина кога и направи осетна предност поведувајќи со 31-17. Во продолжението ние париравме се играше речиси изедначено, сепак високата разика од првиот период даваше комоција на домашнит тим. Кај нас на овој дуел Анастасов постигна 18.поени, три помалку имаше Темелковски, а пак Цветковски средбата ја заврши со 13.поени зад своето име.

Во следното 19.коло од Првата лига црвено-црните треба да одиграат гостински дуел кај екипата на Гостивар.