Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во периодот од 19-26. март ќе биде дел од развојниот турнир во Скопје кој ќе се одигра на тренинг центарот Петар Милошевски.
Поради тоа селекторот на оваа репрезентација, Горан Станковски повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Филип Ѓорѓоски, Грегори Давков и Георг Стојановски кои се дел од помладите пионери, како и за Абдула Хасани кој настапува за пионерите.
Собирот на репрезентацијата е закажан за утре со почеток од 12:00 часот во хотел Карпош. Мечевите ќе се одиграат на 22, 24 и 26.март, а противници ни се селекциите на С.Арабија, Грузија и Азербејџан.