Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Само уште денес и утре трае замена на сезонските влезници за билети за 1/8-финалниот меч од ЛШ
Само уште денес и утре трае замена на сезонските влезници за билети за 1/8-финалниот меч од ЛШ

Само уште денес и утре трае замена на сезонските влезници за билети за 1/8-финалниот меч од ЛШ

Останува кратко време за сите сопственици на сезонски влезници за натпреварите на Вардар во ракометната Лига на шампиони за сезоната 2018/2019  да истите да ги заменат со билети за осмина-финалниот натпревар против ППД Загреб закажан за 30 март во Скопје.

Замената трае од петок се до утре,  вторник, 19 март 2019 година, по истекот на овој период односно од 20 март сите сезонски билети кои нема да бидат заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба. Со приоритената замена на сезонските билети се здобивате со право да ги задржите истите места што сте ги имале и во текот на групната фаза од Лигата на шампионите. Не е можно менување на местата, туку само задржување на истите за реванш осмина-финалниот натпревар против ППД Загреб.

Цената на билетот за осмина-финалниот натпревар против ППД Загреб ќе чини:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Приоритетната замена на сезонските билети со влезници за осмина-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден од 10 до 18 часот.
Притоа ќе биде задолжително приложување и на сезонскиот билет заради докажување на местото што сте гу имале во групната фаза.