Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Минимален пораз на ОК Вардар
Минимален пораз на ОК Вардар

Минимален пораз на ОК Вардар

Одбојарскиот клуб на Вардар овој викенд го одигра првиот натпревар во рамките на 1/4 финалето од Националниот Куп на Македонија.

Младите играчи на ОК Вардар првиот натпревар го одиграа на гостински терен кај тимот на ОК Лирија. Овој натпревар нашите одбојкари го загубија со резултат 3:2. Одбојкарите на Вардар првите два сета ги загубија, но успеаа да се вратат во мечот, на крај тај-брејкот го одлучи победникот.

Очекуваме на домашен терен вардарци да немаат поголеми проблеми и да се пласираат во 1/2 финалето.