Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Деби настапи на Барсегјан, Џигаури и Демири
Деби настапи на Барсегјан, Џигаури и Демири

Деби настапи на Барсегјан, Џигаури и Демири

Овој викенд за Вардар во првата македонска фудбалска лига дебитираа тројца играчи. Станува збор за: Тигран Барсегјан, кој иако во Вардар е од летоска, сепак поради здравствени проблеми неможеше да дебитира во есенскиот дел од сезоната. Барсегјан на неделниот натпревар се најде во стартниот состав на Вардар, одигра солидно се до 74. минута кога беше заменет.

Вториот играч кој се најде во стартниот состав и дебитираше во “црвено – црниот” дрес беше Бесир Демири. Демири се очекува да биде огромно засилување за Вардар. Овој играч го одигра целиот натпревар.

Третиот играч кој дебитираше овој викенд беше новото засилување на Вардар од Грузија, Џамбул Џигаури. Овој играч во игра влезе во 74. минута токму на местото на Барсегјан кој на овој меч ја имаше улогата на најистурен напаѓач.

Им го честитаме дебито во “црвено – црниот” дрес на тројцата играчи.