Friday ,04 December 2020
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар поразен во дербито од Џио Струмица
ОК Вардар поразен во дербито од Џио Струмица

ОК Вардар поразен во дербито од Џио Струмица

Одбојкарите на Џио Струмица го добија големото дерби во домашното одбојкарско првенство. Струмичани славеа на гостувањето во Скопје против големиот ривал Вардар со 3:1 во сетови. Ова е седма последователна победа за Џио Струмица оваа сезона, со која го потврдија кандидатскиот статус за нова шампионска титула.

Момците на Кире Ричлиев во првите два сета одиграа концентрирано и правеа малку грешки. Ги искористија сите шанси на мрежа и дојдоа до предност од 2:0 во сетови, освојувајќи ги сетовите со 25:22 и 25:18.

Вардар успеа да се врати во игра во третиот сет во кој успеаја да слават со 25:18 и да дојдат до 2:1.

Сепак, Џио Струмица силно го почна четвртиот сет во кој дојде до 25:20 за конечни 3:1.