Вардар со три бода се врати од гостувањето во Велес. Во финишот, во последните 11.минути го сруши тимот на Борец и се радуваше на победата. Попзлатанов и Цветаноски беа стрелци на головите, со кои „црвено-црните“ стигнаа до овој триумф, по четири кола без победа.
Иако Вардар победи, од Велес се врати со една може да се каже главоболка. Одличниот офанзивец на тимот, Мартин Мирчевски поради поврeда мораше да го напушти теренот во 57.минута од дуелот.
Првичните информации се дека не станува збор за нешто сериозно, но утре нашиот фудбалер ќе замине на лекарски преглед да се утврди за што точно станува збор.
Вардар во следното коло на домашен терен ја пречекува екипата на Академија Пандев.