Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Последна недела од подготовките пред заминување на турнирот во Бања Лука
КУГЛАЊЕ! Последна недела од подготовките пред заминување на турнирот во Бања Лука

КУГЛАЊЕ! Последна недела од подготовките пред заминување на турнирот во Бања Лука

Црвено-црниот кугларски колектив од денес ќе ја одработува последната недела пред заминувањето во Бања Лука на силниот меѓународен кугларски турнир. Според планот момците на Драги Димитровски заминуваат во четврток на 25-ти следната недела  за Босна и Херцеговина.

Брендирано возило со кое ќе патуваат момците за БиХ и Италија!

Брендирано возило со кое ќе патуваат момците за БиХ и Италија!

Тие ги стартуваа официјалните подготовки на први август за   новата натпреварувачка сезона 2016/2017. Сепак тие подготвувајќи се за новата сезона пред тоа две недели активно имаат тренинзи во кугларницата “Мусандра“ каде се стационирани моментално бидејќи нивната матична куглана во спортскиот центар “Борис Трајковски“ не е во функција за време на летниот период. Сезонава прв предизвик за кои играчите на кугларскиот клуб Вардар се подготвуват е силен турнир во Бања Лука- Република Српска (БиХ) кој е закажан за на 27-ми август . Овој силен турнир е подготвителен за нас и другите тимови за предизвиците во кугларска Европа оваа есен. Повод по кој се организира овој турнир е дваесет годишнината од формирањето на актуелниот шампион на БиХ. Вардарци ќе учествуваат на истиот со домаќинот КК Ревита, српскиот шампион КК Белград и репрезентацијата на Словенија. Сите три екипи ( словенската репрезентација нормално “не“ ) се учесници на најсилниот европски кугларски собир годинава “Светскиот куп-2016’’ кој ќе се игра во Болчано-Италија, кој е втор предизвик за вардарци сезонава. Нормално наесен стартува Македонската кугларска лига-МКЛ, во која ќе атакуваме на самиот врв како и минатите две сезони безразлика на квалитатот со кој располагаме по заминувањето на еден наш играч во лутиот ривал КК Макпетрол.