Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Матео Јанчев: “Јуниор“ лигата ми овозможи да ги истакнам своите квалитети и да ја достигнам посакуваната цел
Матео Јанчев: “Јуниор“ лигата ми овозможи да ги истакнам своите квалитети и да ја достигнам посакуваната цел

Матео Јанчев: “Јуниор“ лигата ми овозможи да ги истакнам своите квалитети и да ја достигнам посакуваната цел

Откако на чело на ракометните црвено-црни клубови дојде рускиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко многу работи тргнаа во позитивна насока. Покрај тоа што добивме спортски центар “Јане Сандански“ каде сите потреби се задоволени на првотимците станавме единствен клуб кој има сала на располагање само на младите категории, а тоа е С.р.ц “Кале“. Сепак тоа ни одалеку не беше се клубот реши да создаде регионални школи ширум земјава, а подоцна и своја лига. Тука клубот се реши на одличен проект ракометната “Вардар Јуниор лига“. Истата иминатава сезона за првпат беше активна, во неа стотици деца од регионалните школи се сретнуваат и натпреваруваат со своите врсници, усовршувајќи ги своите ракометни вештини, учејќи нови работи за ракометната игра. Еден од нив беше Матео Јанчев кој минатата сезона ја помина како дел од РК Илинден-Вардар, додека во новата сезона ќе биде член на пионерскиот состав на Вардар предводен од тренерот Андријана Будимир.

-Јас започнав да играм ракомет од 12 години,во клубот РК Илинден. Ракометот ми беше хоби и се повеќе добивав желба за овој спорт. Се тренираше напорно цела година, но многу ми помогна и “Вардар Јуниор“ лигата која ми овозможи да ги истакнам своите знаења и да ја достигнам посакуваната цел и таа остави добар впечаток кај мене. Јас во “Јуниор“ лигата настапував во 2 генерации, во 02/03 и 00/01. Јас сум презадоволен од мојот тим, иако во генерација 02/03 не влеговме во фајнал фор, додека во 00/01 го освоивме четвртото место. Но за мојот успех најзаслужни се моите тренери Дарко Јанев и Александра Јанев кои го открија талентот во мене за само еден месец.

Добрите настапи во РК Илинден беа добра препорака за РК Вардар да го вклучи во изборот на селекција. Матео ги задоволи вкусовите на присутните тренери, па новата сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.

-Повик за настап во пионерскиот состав на Вардар го добив така што бев повикан на селекцијата на играчи. Јас се надевав дека ке бидам повикан да станам дел од Вардар и мојот сон се оствари. Тоа за мене претставуваше огромно задоволство, а воедно ке ми биде мотив за да постигнувам уште поголеми успеси. Со пионерите на Вардар очекувам многу успеси во оваа сезона, изјави Матео Јанчев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски