Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Падна и Украина, Македонските кадети продолжуваат со добри игри на ЕХФ Шампионатот
Падна и Украина, Македонските кадети продолжуваат со добри игри на ЕХФ Шампионатот

Падна и Украина, Македонските кадети продолжуваат со добри игри на ЕХФ Шампионатот

Трета победа од исто толку одиграни натпревари за Македонската кадетска репрезентација на ЕХФ Шампионатот, кој се одржува во Бугарија. Избраниците на Илија Темелковски во една неизвесна завршница успеаа да забележат нов триумф против Украина, кој ги зцврсти на првото место во групната фаза. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 28:27.

Почетокот на натпреварот им припадна на нашите репрезентативци кои по само пет минути игра имаа предност од четири голови разлика.Ова водство се одржуваше речиси во текот на целото прво полувреме, кога на пауза се замина со резултат 17:14 во наша корист. Ниту во вториот дел не дозволивме да ја испуштиме предноста, која се движеше од 2-4 погодоци. На неколку минути пред крајот на дуелот, противникот сериозно се закани, доближувајќи се на само еден гол негатива. Сепак во завршницата не дозволивме да ја изгубиме предноста и така остваривме уште една нова победа.

Најефикасен беше Димитар Димитриоски со 10 погодоци. Денес е слободен ден на ова натпреварување, додека во петок се среќаваме со селекцијата на Косово. Во сабота го играме натпреварот за првото место, против Унгарија.