Ги добивме сите четири 1/2 финални двојки од ракометниот дел на Олимписките игри во Рио. Најпрвин, вчера селекцијата на Франција на убедлив начин го победи домаќинот Бразил со резултат 34-27, најефикасен во таборот на Франција беше Гигу со 8 погодоци. Франција во 1/2 финалето ќе игра против Германија.
Германија пак, имаше најлесна задача. Дури со 12 голови разлика германците ја добија селекцијата на Катар во 1/4 финалето. Во таборот на Германците многу играчи беа расположени за голови. Дури десет играчи се запишаа во листата на стрелците на овој натпревар.
Селекцијата на Словенија, предводена од поранешниот тренер на РК Варда, Вујовиќ, загуби во 1/4 финалето од селекцијата на Данска со резултат 37-30. Во редовите на Данска најрасположен за голови беа Хансен и Сван со по осум постигнати погодоци.
Селекцијата на Хрватска пак нема да има можност да се бори за еден од медалите, откако загубија во четвртфиналето од селекцијата на Полска. Избраниците на Жељко Бабиќ подобро го отворија овој натпревар и до средината на првото полувреме имаа константно водство. При резултат 11:9 имаа можност да ја зголемат оваа разлика, но голманот на Полска беше одличен на својот гол. Ова го искористува Полска која прави серија од 6:0 и комплетно го врти резултатот во своја корист. Во овој период од играта, многу направени грешки за Хрватска, падна концетрацијата во нападот, додека во одбраната се дозволуваа лесни голови. На минута пред крајот, Полска имаше предност од 18:13, која беше ублажена во следниот напад, за на полувреме да се замине со резултат 18:14.
Лошто продолжи второто полувреме за Хрватска, каде прими два а не постигна ни еден гол, за највисока предност од 20:14 за Полска. Со неколку поврзани одбрани Иван Стевановиќ успева да ја врати својата селекција во живот и да ја преполови негативата, а во 45 минута и да дојде до само еден гол заостанување. Чупиќ погодуваше од седум метри и од својата позиција и го врати мечот речиси од почеток. Сепак на сцена стапува расположениот Биелецки кој повторно носи предност за својата репрезентација. Во завршните минути следуваат неколку почетнички грешки на Хрватска, која ги одалечи од можноста да се борат за еден од медалите. Конечниот резултат гласеше 30:27.
Голманот на Полска, Вишомирски беше најголемиот виновник за поразот на Хрватите кој натпреварот го заврши со 15 успешни интервенции. Во нападот најефикасен беше Карол Билецки со дури 12 погодоци. Во таборот на Хрватска најефикасни беа Чупиќ и Степанчиќ со 7 голови. Во листата на стрелци не се запиша Игор Карачиќ, додека неговиот соиграч од Вардар, Лука Циндриќ не беше во составот.