Friday ,12 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ : Вардар ја “потопи“ КК Македонија со максимални 8-0
КУГЛАЊЕ : Вардар ја “потопи“ КК Македонија со максимални 8-0

КУГЛАЊЕ : Вардар ја “потопи“ КК Македонија со максимални 8-0

Црвено-црните куглари во рамки на 12 коло од Македонската кугларска лига со убедлива максимална победа од 8-0 и нанесоја пораз на последнопласираната екипа на КК Македонија . Мечот се одигра во кугланата при С.Ц Борис Трајковски-Скопје .

Со оваа победа Вардар се зацврсти на втората позиција зад лидерот КК Макпетрол кој ова коло беше поразен по пауза од 6 години во домашната лига . Вкупниот остварен резултат на Вардарци се 3389 соборени “дрва“ на овој меч. Ова е добар резултат и ако има  мал пад во однос на резултатите кој ги постигнуват во последните мечеви  бидејќи влегоја поопуштено во дуелот. Бидејќи со “фенерџијата“ во лигата имаа статус на  апсолутно неприкосновени фаворити. Вардарци решија на овој меч да го одмараат најдобриот куглар Димитровски Димитар кој не настапи ,а повторно број еден кај црвено-црните беше Влакевски со соберено 590 “дрва“. Следува пауза во првенството за големиот христијански празник ,а  наредното предпоследно коло кое ќе се игра другиот викенд .

Во другите дуели резултатите изгледаа вака :

-18 Август Адинг – Империјал тобако  6-2

- Хераклеа Битола -Работнички 3-5

- КК ГТЦ- КК Макпетрол 7-1