Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски го потврди своето учесто на 21км на „Охрид ТрчаТ“
Завировски го потврди своето учесто на 21км на „Охрид ТрчаТ“

Завировски го потврди своето учесто на 21км на „Охрид ТрчаТ“

 Нашиот маратонец, Петре Завировски го потврди своето учество на уште еден маратонски спектакал. На 6 јуни во балканскиот Ерусалим закажано е јубилејното 5-то издание на  атлетската манифестација „Охрид ТрчаТ“.

На истата, Завировски има настапено само еднаш во 2019 година. Патеката “не е брза“ кажано во атлетски жаргон. Затоа што маратонците треба два пати да се искачат до горна порта. Нашиот атлетичар го има потврдено и своето учество на трката на поезијата 10км во Струга која е закажана за 23 мај. Претходно поради корона вирусот комисијата за заразни болести не дозволи да се оддржи националното првенство во полумаратон кое беше закажано за 4.април. Во меѓу време Завировски тренира добро, неговата форма е во нагорна линија. Подготвен ги очекува следните атлетски натпревари.