Одбојкарките на Вардар вчера играа „мајсторка“ против ЖОК Работнички Скопје во полуфиналната серија. Црвено-црните дами го совладаа ривалот со 3:1 во дуелот за пласман во финалната серија и ќе играат за титулата против екипата на ОК Јанта Волеј Кисела Вода.
Вардарки не тргнаа најдобро, па го загубија првиот сет 24:26 иако водеа со 21:16. Сепак се соземавме и на сличен начин возвратија во вториот кога при резултат 19:23 освоија шест поени во низа и израмнија на 1:1. По ова вадење од работ на безната, веќе во следните два сета немаше неизвесност, нашите девојки истите ги добија со идентични 25:19. Агуеро со 24 поени беше најдобра во составот на Горан Славков.
Финалната серија која ќе се игра до три победи почнува во понеделник, а вардарки влегуваат со предност од 1:0 поради подобриот пласман во регуларниот тек од шампионатот.