Денес во Јане Сандански се игра дербито за 3.место во женската ракометна лига. Вардар е домаќин на Чаир. Веќе се одигра првиот дел, вардарки водат и најавуваат висока победа.
По 30.минути ракомет црвено-црните дами имаат предност од осум гола, на семафорот е 19-11 за избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев. Следи пауза и започнува вториот дел по кој ќе поставиме целосен извештај.