Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар го „разнесе“ Чаир со 19.гола плус, Грујовска во репрезентативна форма 11.одбрани за 17.мин (65%)
Вардар го „разнесе“ Чаир со 19.гола плус, Грујовска во репрезентативна форма 11.одбрани за 17.мин  (65%)

Вардар го „разнесе“ Чаир со 19.гола плус, Грујовска во репрезентативна форма 11.одбрани за 17.мин (65%)

ЖРК Вардар го „разнесе“ во дербито Чаир, дуел кој беше клучен за 3.позиција на табелата. По оваа победа сме на плус седум од нив, и ги напаѓаме Металург и Куманово за врвот. Девојките на Ристова и Царчев победија со дури 19 гола повеќе, на крајот беше 39-20.

171786849_296423448777296_6412201084942943341_n
Вардарки први поведоа, по одбрана на Трајкоска во напад стрелаше силно Михаела Стојановска за 1-0. Чаир направи баланс и изедначи на 2-2, од тој момент до крајот на дуелот они немаа поволен резултат. Набрзина со серија 3-0 преку, Ѓорѓиевска, Стојановска и Галевска заедно со одбранет пенал на Илиќ која влезе од клупата поведовме со 5-3. Успеавме со одлична игра да ја удвоиме предноста и поведовме со 4 гола, преку Дамјановска која погоди за 11-7 во 16.минута. Прв пат водевме со 6 плус (14-8) во 20.минута по одбрана на Трајкоска имавме брза транзиција, атрактивно погоди Ивана Џатевска со маестрален пад. Вардарки беа далеку подобри во поле, играа одлична одбрана, голманите беа на ниво. Во 28.минута со голот на Галевска отидовме на високи осум плус (18-10), на одмор заминавме со резултат 19-11.

171674843_296454325440875_4855189168219325166_n 171712118_296457798773861_7480249296972038281_n 171667614_296423352110639_6095470084727750191_n

Фуриозно влеговме во вториот дел, веднаш отидовме на двоцифрена предност, на гол одбрани впиша Илиќ, па по 5.минути игра со голот на најмладата во тимот Сара Стефановска поведовме со 26-13. Бевме како ураган, во 43.минута по три одбрани на ново влезената Грујовска, маестрално погоди Сара Миновска за 17.позитива (33-16), Чаир беше целосно деморализиран од црвено-црната машинерија. Одбраната беше жестока, Грујовска неприкосновена, па гостинките немаа што да бараат. Сите одигаа на ниво, девојките кои добиа шанса од клупата: Попова, Лазарова и Василева ја оправдаа довербата со перфектен настап. Неверојатните 39-20 на крајот стоеше на семафорот.

171596089_296454312107543_1698947917411361706_n 171427113_296454705440837_864925646044686905_n 171729015_296454712107503_2163896188233323682_n

Кога сме кај најуспешните, Грујовска покажа дека навистина влегува во репрезентативна форма, за 17.минути (1.одбрана ја имаше во 41, последната во 58.минута) имаше двоцифрен ефект, 11.одбрани таа сопре неверојатни 65% упатени удари кон неа. Сите голманки имаа вкупно 21 одбрана односно над 51% сопрени удари. На овој меч 5-ки имаа, Илиќ Андреа, Галевска Марија, Јована Трајкоска, Трпевска Ивона и капитенот Диневска Бојана. Одличен дуел имаа и Стојановска Михаела и Катерина Дамјаноска кои стрелаа по 4.пати.

171305755_296423628777278_1713116679023913483_n 171318052_296457878773853_5113351256343909429_n