Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е домаќин на Струга, црвено-црните по нов триумф во Супер лигата
Вардар е домаќин на Струга, црвено-црните по нов триумф во Супер лигата

Вардар е домаќин на Струга, црвено-црните по нов триумф во Супер лигата

Во текот на утрешниот ден, ракометниот тим на Вардар ги продолжува настапите во плеј-офот од Супер лигата. Црвено-црните во С.Ц. Јане Сандански ја пречекуваат екипата на Струга. Натпреварот ќе се одигра со почеток од 13:00 часот.

За судии се делегирани Виктор Начевски (Скопје) и Даниело Божиновски ( Битола), додека делегат ќе биде Ацо Николовски од Скопје.

После четири одиграни кола, Вардар е лидер со максимални 12 освоени бодови, додека екипата на Струга се наоѓа на седмата позиција со 2 освоени бода. Дербито на ова коло се игра денес во спортската сала во населбата Автокоманда, каде Металург е домаќин на Еурофарм Пелистер.