Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар во сабота ја пречекува Хераклеа во првиот меч од 1/2-финалето во Купот на Р.М
Куглање! Вардар во сабота ја пречекува Хераклеа во првиот меч од 1/2-финалето во Купот на Р.М

Куглање! Вардар во сабота ја пречекува Хераклеа во првиот меч од 1/2-финалето во Купот на Р.М

МКЛ заврши пред половина месец, во кугларскиот македонски “свет“ на сцена стапија возбудувањата од Купот на Република Македонија. Па така изминатиот викенд  во кугларницата “Мусандра“ се одвиваа квалификациите за Купот во куглање. Како што веќе ве известивме и претходно во неколку наврати на  овие третти по ред квалификации откако Вардар едноподруго учествува треттпат земавме учество и третти пат доминиравме.

Со овој успех како лидери во квалификациите ја добивме најслабо рангираната екипа од 4-те кои минаа, екипата на КК Херклеа од Битола со која ќе играме двомеч полуфиналето. Според договорот на двата тима полуфиналните две соочувања ќе се играат на наш терен во Скопје. Нашите момци ќе бидат домаќини во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Градскиот трговски центар Скопје. Интересен факт е дека токму лани обезбедивме место во финалето по успешниот двомеч во полуфиналето токму со битолчани. Вардарци се фаворити во ова соочување, и се очекува да се пласираат во финалниот меч каде најверојатно ќе ги чека шампионот КК Макпетрол. Момците на Драги Димитровски во изминатите три години ги добија сите дуели со КК Хералеа освен последното гостување во Битола во кое влеговме растеретени бидејќи неодлучуваше за пласманот на табелата тој меѓусебен дуел. Мечот се игра сабота, 13-ти мај со почеток во 10-00 часот.