Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите во Келн. На натпреварот на кој се среќаваат нашиот Вардар и шпанскиот гиган Барселона, судиите ќе доаѓаат од Чешка. Станува збор за искусна судиска двојка која му судела многу натпревари на нашиот тим.
Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни ќе бидат главни арбитри, додека пак делегати се Марко Треспиди и Мирослав Баум.
На вториот полуфинален натпревар ќе судат македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.