Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Вардарци со настап на “Скопски маратон-2017“
Атлетика! Вардарци со настап на “Скопски маратон-2017“

Атлетика! Вардарци со настап на “Скопски маратон-2017“

Викендов низ улиците на главниот град Скопје се трчаше “Скопскиот маратон-2017“ најдобро организираната и најмасовната атлетска трка во нашата република. На неа земаа учество над 9.000 учесници од над 50 земји во светот. На улиците на нашата метрополата свои настапи земаа и неколку атлетичари од црвено-црниот атлетски клуб Вардар.

На полумаратонската трка имавме тројаца учесници Марко Ивановски, Петре Завировски и Дејан Василевски. Ивановски Марко заврши како   7-мо пласиран  на полумаратонот со време од 01:20;46. Дејан Василевски кој лани трчаше на 42километри односно маратон годинава се појави на пократката делница, тој заврши со нов личен рекорд на полумаратон од 1:45;11. Завировски поради здравствени причини не успеаа да финишира на оваа делница.
Кај најтешката и најдолгата патека маратонот, во должина од 42 километри имавме свој преставник легендата на македонската и вардаровата атлетика Трпе Мартиновски. Тој иако е веќе навлезен длабоко во шесттата деценија од животото влезе во костец со оваа должина. Тој имаше сосема одличен резултат заврши  на  11-то место на маратонот и беше 1-во место во категоријата 50-54 години, со време од 03:04;26.
Покрај ова имавме преставник и на 5 километарската трка, таму настапи Игор Димитровски како рекреативец. Тој овие  на 5километри  ги истрча со  време од 29:56.