Денес во градот Велес по покана на ГФК Борец се одигра пријателски натпревар помеѓу Вардар и новиот македонски второлигаш. Во дуелот одигран денеска Вардар го совлада тимот на Борец со резултат 5:0. Работата беше готова уште по 45 минути кога водевме со 4-0 на овој тест-дуел.
Нашиот тим кој играше комбинирано со играчи кои имаат помала минутажа и со младинци дојде до лесна победа. За нашиот состав два гола постигна Петар Петковски, покрај него стрелаа Благоја Љамчевски, Виктор Димков и Џонатан Боарето. Посебно интересен факт за денешниот дуел е тоа што во нашата екипа за првпат дебитираше голманот на пионерскиот состав Тимевски Бојан. Тој доби шанса на 17 години да застане на црвено-црниот гол менувајќи го Алексовски Игор во вториот дел. Станува збор за еден надежен млад голман кој чии ментор е тренерот на голмани на црвено-црните поранешниот голман на ФК Вардар, Љупчо Кметовски. Тој има 17 години роден е на 21.01.2000 година и настапува во пионерскиот состав на ФК Вардар.
Нашиот тим го почна натпреварот во состав: Алексовски, Грозданоски, Попов, Велковски, Глишиќ, Спировски, Фелипе, Џигаури, Љамчевски, Димков и Петковски. Во второто полувреме во игра влегоа младиот голман Тимевски, потоа Којашевиќ, Блажевски, Боарето, Демири, Глигоров, Брдаровски, Николов и Барсегјан.
.