Во рамки на плеј-аутот во машката ракометна Супер лига нашиот млад ракометен колектив, екипата на РК Вардар јуниор овој викенд е гостин во градот Радовиш. Избраниците на Стојан Петрушевски ќе бидат гости на истоимениот машки колектив од тој град.
Натпреварот ќе се одигра во сабота, на 13 мај, истиот е закажан со почеток во 18 часот и 30 минути. Нашите момци одлично го играат плеј-аут сегментот каде со одличните резултати веќе се на прагот да избегнат бараж за опстанок во македонската ракометна елита. Во последното коло гостувавме кај екипата на РК Металург-2 , во тој дуел нашииот тим беше поуспешен, црвено-црните на натпреварот триумфираа со резултат 20:24.