Кугларскиот клуб „Вардар“ вчера официјално го имаше првиот тренинг како подготовка за нова сезона 2019/2020 година. Првиот собир беше во кугларницата „Мусандра“ во ГТЦ-Скопје место каде ќе ги играме домашните дуели во Македонската кугларска лига.
Драги Димитровски по првичното „постројување“ го започна процесот на подготовка на црвено-црниот кугларски колектив се идните предизвици во новата натпреварувачка сезона. МКЛ ќе биде побројна од изминатата сезона, таа оваа ќе брои осум члена.