Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Slider > Познати термините и саатниците за мечевите на Вардар, на „Супер Глоуб Купот“
Познати термините и саатниците за мечевите на Вардар, на „Супер Глоуб Купот“

Познати термините и саатниците за мечевите на Вардар, на „Супер Глоуб Купот“

Во перидот од 27-31.август, екипата на РК Вардар како актуелен шампион на Европа ќе биде дел од „Супер Глоуб Купот“ или неофицијалното светско првенство.

Учество покрај Вардар ќе земат уште и екипите на: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Замалек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принципот на елиминација.

Црвено-црните ќе се приклучат директно во четвртфиналето, каде за противник ќе го имаат победникот од дуелот меѓу екипите на  Ал Мудхар и Њујорк, натпревар кој е закажан за на 28.август со почеток од 20:00 часот.

Следниот ден на програмата се полуфиналните натпревари, на кои доколку Вардар победи во 1/4 финалето, каде е голем фаворит, во 1/2 финалето најреално е да игра против екипата на Кил. За да се случи полуфинале меѓу Вардар и Кил, германците најпрво во осминафиналето треба да ја победат екипата на Сиднеј, а потоа во четвртфиналето и тимот на Замалек. За да се пласира во големото финале, проблем не би требало да има екипата на Барселона, која е актуелен освојувач на ова натпреварување, па може повторно да гледаме реприза на полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн, за изминатата сезона.

vardar-po-vtorpat-na-super-gloub-21240