Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардарци во Требиње го одработуваат четвртиот ден од главните подготовки
Вардарци во Требиње го одработуваат четвртиот ден од главните подготовки

Вардарци во Требиње го одработуваат четвртиот ден од главните подготовки

Европскиот ракометен Шампион го одработува четвртиот ден од главните подготовки, кои за прв пат оваа година се одвиваат во Требиње.

Оваа сезона ќе гледаме малку поинаков Вардар, со оглед дека имаше неколку играчки промени, па со нетрпение го очекуваме стартот на новата сезона. Новите засилување своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат за неколку дена, односно во петок, кога Вардар ќе настапи на турнирот во организација на ракометниот клуб Леотар.

Требиње нуди одлични услови за работа, тимот работи на физичката подготовка, а се тренира и во сала, каде новиот тренер, Писонеро полека го склопува мозаикот и тоа како ќе изгледа играта на Европскиот Шампион во новата сезона.