Македонската женска ракометна кадетска селекција вчера дојде до многу важна победа на ЕХФ Шампионатот во Италија. Во дуел од 2.коло во групната фаза победивме со 30-29 во една исклучително тешка средба со Белорусија. Со оваа победа сме кандидати за пласман во полуфиналето. Вчера три вардарки се издвоиа со својот учинок, Симона Грујовска имаше 9.одбрани од кој дел исклучително важни за победата, Стефанија Ѓорѓиевска одигра одличен дуел таа го постигна победничкиот гол и мечот го заврши со шест гола, исти број погодоци имаше Седлоска која прецизно изведуваше седмерци на оваа средба. Осум девојки од Вардар стрелаа на оваа средба, покрај тоа и двете голманки имаа одбрани.
Утре девојките на Симовски Симе и Пановски Владимир во 18-00 часот ги очекува средба од 3.коло со Азербеџан. Со победа во оваа средба ќе си овозможиме дуелот со Полска да биде средба која дирекно ќе решава за патникот во 1/2-финалето на шампионатот.
Во продолжение погледнете 50-сетина фотогафии од победата нас Белорусија, фотогалерија од првиот меч со Италија може да се најде на нашиот сајт-ТУКА!