Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стартува СП за кадети, Кизиќ, Карапалевски и Ќосевски во составот на Македонија, за денешниот дуел против Аргентина
Стартува СП за кадети, Кизиќ, Карапалевски и Ќосевски во составот на Македонија, за денешниот дуел против Аргентина

Стартува СП за кадети, Кизиќ, Карапалевски и Ќосевски во составот на Македонија, за денешниот дуел против Аргентина

Денес, започнува светското кадетско првенство за ракометари до 19 години, чиј домаќин е Скопје.

Прв противник на Македонија е селекцијата на Аргентина, натпревар кој ќе се одигра во вечерниот термин од 20:30 часот во спортскиот центар Борис Трајковски.

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац одреди на кои 16 ракометари ќе смета за денешниот прв дуел на СП. Во составот се најдоа сите вардарци, односно тоа се голманот Марко Кизиќ, потоа десното крило, Ален Ќосевски и средниот бек, Мартин Карапалевски.

Во нашата група се уште и селекциите на Данска, Јапонија, Бахреин и Нигерија.