Откако замина од Вардар по катастрофалната негова сезона, бразилецот Вилијан Лира во новата ќе ги брани боите на Клуб Дестроерс од Боливија. Како навивачите, така и самиот играч нема по добро да го паметат Вардар. Лира постигна само три погодоци минатата сезона и беше тотално промашување на управата на клубот.
Покрај Лира и Битанг има нов клуб. Камерунецот во новата сезона ќе ги брани боите на Каисар од Казахстан, каде настапува и екс играчот на црвено – црните Тигран Барсегјан. Клубот го напуштија исто така и Манев и Фелипе.