Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ПОБЕДА!!! Падна Белорусија, минимална сепак „злато вредна“ победа за Македонија
ПОБЕДА!!! Падна Белорусија, минимална сепак „злато вредна“ победа за Македонија

ПОБЕДА!!! Падна Белорусија, минимална сепак „злато вредна“ победа за Македонија

Победаааа….Белорусија совладана од Македонија на кадетскиот шампионат во Италија со минимални 30-29.

a-2

По седум минути резултатот беше 3-3, двата тима беа изедначени. Сите голови до тогаш ги постигнаа вардарки, Костовиќ Ангела, Ивана Џатевска и Седлоска, а Симона Грујовска имаше одбрана со лице, како и секогаш ја постави главата онаму каде што е најопасно.  По резултат 4-4, првпат се одлепивме на два плус поведувајќи со 6-4. Грујовска „собра зицер“, тоа во напад го награди  Стефанија Ѓорѓиевска која со два фантастични влеза успеа да погоди во два напада по ред. Точно на средината на првиот дел ривалот побара тајм-аут, откако погоди Мими Петковска за 7-5, по воиграна акција. Девојката која внесе живост Ана Марија Коларовска додаде со Костовиќ која со без пас ја „вработи“ Петковска.  Во последните 10.минути влеговме со истите два плус, се играше гол за гол до тогаш.

a5

Коларовска кога бевме под пасивен напад повторно во нејзин стил, храбро тргна низ одбраната и погоди за 10-8. Истиот играч во следниот напад се вивна во воздух и стрелаше за прво наше водство со плус три, 11-8. Треба да се напомене и Катерина Дамјановска која со многу борба отвараше место за удари на бековите, или над неа беа судени седмерци. Паднавме во ритамот па белорусинките искористија, успеаа да ја вратат резултатската симетрија, на 2.минути до крајот на семафорот беше 13-13. Сепак, кога беше опасно противникот да поведе, Ангела Гроздановска одзема една топка истрча цел терен и погоди за 14-13, Седлоска стави печат од пенал и го постигна конечниот резултат 15-13 со кој се замина на одмор.

a2

Противникот успеа да дојде на само гол негатива 16:15, на самиот почеток на дуелот. Веднаш ние вративме со два врзани гола, Катерина Дамјановска и Фани Ѓорѓиевска стрелаа во мрежата на ривалот за 18-15, на нашиот гол Трајкоска Јована впиша интервенција. Ривалот успеа да издначи на 20-20 во 40.минута внесувајќи немир во нашите редови. Се играше гол за гол се до 22-22, ние промашивме противникот имаше шанса за целосен пресврт. Симона Грујовска која се врати во игра откако претходно  Трајковска која го заврши првиот дел и го почна вториот и одстапи место, Грујовска фати со нога во нејзин стил и не врати во прилика за водство.

a4-2

Поведовме со 24-23, големо и храбро срце има Коларовска која и покрај ударите во лицето продолжи напред и погоди иако на неа беа допрени неколку дланки одеднаш. Се играше гол за гол, во последните 10.минути влеговме со резултат 26-25, откако погоди Џатевска Ивана. Противникот прави серија 0-3, за само 100 секунди и успеава да пвоеде со 26-28. Долго беше 29-29, неколку пати противникот промашуваше, Грујовска еднаш со врв на прсти успеа да ја пренасочи топката во статива и да ни даде прилика, истата не ја искористивме. Конечно, денес фантастичната Фани Ѓорѓиевска успеа да погоди за конечните 30-29.

Неколку Вардарки денес се истакнаа, Стефанија Ѓорѓиевска имаше шест гола од игра, Седлоска имаше исти ефект на овој дуел. Симона Грујовска впиша девет одбрани, а Трајкоска Јована имаше две. Дури осум вардарки стрелаа:

68537195_493131054592559_8952264428296863744_n