Европскиот ракометен шампион се наоѓа на подготовки во Требиње, а на тимот од денес се приклучи и алжирскиот голман, Калифа Гедбан.
Гедбан поради приватни обврски, подоцна се приклучи на екипата, но од денес и тој се става на располагање на тренерот, Давид Писонеро.
Голманската тројка на подготовките во Требиње и на првиот турнир на кој Вардар ќе настапи, ќе биде, Артурс Кугис, Калифа Гедбан и младиот Васил Гогов, додека после завршување на кадетското светско првенство, на црвено-црните ќе им се приклучи Марко Кизиќ, додека Гогов ќе настапува за Вардар Јуниор.