Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Slider > ФК Вардар потпиша професионален договор со осум млади играчи
ФК Вардар потпиша професионален договор со осум млади играчи

ФК Вардар потпиша професионален договор со осум млади играчи

Фудбалскиот клуб Вардар во новата сезона во ПМФЛ, која стартува на 11.август ќе влезе со комбиниран тим, од искусни и млади играчи. Поради забраната за трансфери, од клубот се решија да потпишат професионален договор со осум играчи од Академијата на Вардар.

Играчите кои потпишаа професионален договор со клубот се Матеј Андов, Азер Омерагиќ, Александар Ѓурковски, Леонид Игнатов, Филип Манасиевски, Стефан Наумчески Давид Велковски и Марио Младеновски. Сите овие беа дел од подготовките на Вардар во Словенија.