Кошаркарите на Вардар дојдоа до првата првенствена победа во новата сезона. Во доста изедначен натпревар, кој беше решен буквално во последните 30 секунди излегоа како победници против Црн Дрим Грин Мобиле
ВАРДАР – ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ 76:72
Доста израмнет беше почетокот на натпреварот во малата сала на „Кале“. Макар што во преден, шутерски, план беше Лефкоски кој ги погоди сите три обиди за три поени. По неговиот 13.поен, Вардар поведе со (22:17), а тој прв дел од играта финишираше со резултат (24:19) во корист на домашната екипа.
За екипата од Струга дебитираше 23.годишниот Американец, Џејмс Ковхерд кој се најде во стартната петорка на тренерот Перо Чочороски. Реализираше шест поени од почетокот на мечот во кој Црн Дрим Грин мобиле биеше очајно за три поени. Имаа (1/9) од таа позиција во првата четвртина.
Доста тешко играа стружани во нападот. За нецели пет минути во втората четвртина реализираа само четири поени. Но со малку поагресивна игра во одбраната ја стопираа и офанзивата на „вардарците“. Токму по поените на новакот Ковхерд (негов 15.поен), Црн Дрим дури и поведе со (32:31) на 03:32 минути пред истекот на првото полувреме.
Со помош на вториот двоцифрен“ Деолски (10), екипата од Струга имаше и (35:33), потоа и (40:36), за полувремето да биде затворено со скор (42:40) за стружани.
Во нецели пет минути од третата четвртина, Вардар направи серија (10-0) со која го врати водството, (50:42). Со голема заслуга на најголемиот, Марко Дујковиќ, кој реализираше 10, од своите 13.поени дотогаш.
Но домашната екипа не го истористи тој моментум на одлична игра во нападот. Стружани брзо се вратија, намалија на (54:55).
Колку беше израмнет овој натпревар покажа и новиот егал скор (62:62) на 4:46 минути пред истекот на играта.
На влез на последната минута, Црн Дрим беше поблиску до првата победа, водеше со минимални (69:68).Но двајцата најдобри поединци во домашниот тим, Провел и Дујковиќ донесоа нова предност (72:71). Стружани имаа 16. Секунди за напад и победа. Но нивниот најдобар играч на овој меч, Ковхерд погреши, заработи „неспортска грешка“.
Казни Провел, со четири реализирани слободни фрлања. Негов 23. поен, што со „дваесетките“ на Дујковиќ и на Лефкоски, се покажаа како решавачки за првиот успех во првенството.