Селекторот на Хрватска, Лино Червар го објави списокот на играчи на кои ќе смета за подготовките за претстојното светско првенство во Египет.
На истиот се најдоа тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Ловро Јотиќ, Јосип Векиќ и Иван Чупиќ.
Во контролниот период, селекцијата на Хрватска ќе одигра два натпревари со Шпанија.