Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Нема „изразит“ голгетер кај пионерите, како изгледа листата на стрелци на полусезона
Нема „изразит“ голгетер кај пионерите, како изгледа листата на стрелци на полусезона

Нема „изразит“ голгетер кај пионерите, како изгледа листата на стрелци на полусезона

Пионерите на ФК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната во супер лигата на второто место. Нашите млади надежи освоија вкупно 15 бодови, или еден помалку од лидерот Победа.

Што се однесува до бројот на постигнати голови, пионерите стигнаа до бројката од 20 погодоци, со тоа што еден натпревар го добија со службен резултат (0:3) во рамките на првото коло и гостувањето кај екипата на Еуроспорт Куманово. Тоа значи дека имаме стрелци на вкупно 17 голови, како и 1 во Купот на Македонија.

На листата на најдобри стрелци кај пионерите се издвојуваат по тројца играчи со по 3 постигнати голови.

1. Огнен Здравковски, Левент Ибраим,  и Теодор Перковски -3

2. Давид Љушев, Горазд Попов и Стефан Стојановски -2

3. Лука Ивановски, Максим Милошевски и Димиар Стоимов -1