КК Вардар денес ја започнува пролетната полусезона, за официјалната страница на клубот тренерот Радуловиќ даде свое очекување за пролетниот дел. Тој вели:
“Имавме прва полусезона со доста измени во ростерот. Немавме константен тим, а тоа носеше и конфузија во играта, се рефлектираше врз целокупниот перформанс на екипата. Во новава година влегуваме со нова енергија, со поголема самодоверба… Донесовме еден поискусен играч на позицијата плејмејкер, кој верувам, ќе влијае на подигнување на квалитетот и самодовербата кај останатите играчи. Продолжуваме посветени, максимално мотивитани и фокусирани кон остварување на зацртаните цели, опстанок во лигата и континуиран развој на нашите млади играчи. Тренираме напорно, работиме кон усовршување на индивидуалните, но и колективните техничко-тактички способности. Овие млади момци заслужуваат да добијат валоризација за трудот кој го вложија”.