Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Младеновски: Сакам со Вардар да играм во Лигата на Шампионите и да го надминам Дончевски по бројот на постигнати голови
Стефан Младеновски: Сакам со Вардар да играм во Лигата на Шампионите и да го надминам Дончевски по бројот на постигнати голови

Стефан Младеновски: Сакам со Вардар да играм во Лигата на Шампионите и да го надминам Дончевски по бројот на постигнати голови

Фудбалскиот клуб Вардар има голем број на талентирани играчи во својата младинска школа. Играчот кој важи за најдобар стрелец во генерацијата 2007 и еден од најнадежните во Академијата на клубот е Стефан Младеновски. Корпулентен играч, вистински напаѓач и шпиц играч кој претставува голема опасност за противничките одбрани. Раполага со сите фудбалски карактеристики кои треба да ги поседува еден добар играч. Техника, прием на топка, физички подготвен, снажен во дуел и играч кој има многу силен удар. Во следново наше интервју ве запознаваме со Стефан Младеновски, најдобриот стрелец за вардаровата генерација 2007.

3

1. Од каде произлезе желбата за фудбал и дали покажувавте интересен кон друг спорт ?

-Уште од многу мал играв фудбал во моето маало и можам да кажам дека од тогаш произлезе желбата и љубовта кон фудбалот. Немав симпатии кон други спортови, едноставно за мене постоеше само фудбалот.

2. Во кој клуб ги имавте своите почетоци и кој беше првиот тренер со кој соработувавте ?

-Моите фудбалски почетоци беа токму во Вардар, а Томче Трајановски беше првиот тренер од кој имав можност да учам.

3. Што претставува за вас играњето во клуб како што е Вардар ?

205

-Да се игра во Вардар е пред се голема чест за секој млад играч. Во Вардар гледам како клуб во кој имаш можност да успееш во понатамошната кариера. Клубот ти ги нуди сите неопходни услови за тренинг и работа, па среќен сум што имам можност да бидам дел од најголемиот клуб во Македонија.

4. Како ја гледате фудбалската игра, што треба да се поседува еден играч за во иднина да биде успешен ?

-Многу сериозно ја гледам фудбалската игра. На секој меч влегувам со само една мисла, а тоа е победа за мојата екипа. За еден играч да биде успешен  во иднина сметам дека е потребно многу труд за време на тренинзите и натпреварите. Тука се секако и дисциплината, посветеноста и желбата за успех.

5. Последниве неколку години вашата генерација е неприкосновена во Македонија. На што се должи успехот на вашиот тим и дали верувате дека и оваа сезона можете да го одбраните трофејот во детската лига ?

00000-660x330

-Сметам дека сме една од најталентираните генерации во Македонија. Самото тоа што успеваме во последните четири години да бидеме шампиони на Македонија, говори за нашиот квалитет и супериорност во детската лига. Најголемата сила на оваа генерација е компактноста, сите играме како еден и тоа не прави да бидеме подобри од противниците. Се надевам дека и оваа сезона ќе станеме Шампиони на Македонија, иако нема да биде лесно да се повтори успехот. Секој против Вардар дава и повеќе од своите можности, секој сака да не изненади, но во најважните моменти доаѓа до израз нашиот карактер, кој сметам дека ќе биде пресуден и на крајот од оваа натпреварувачка сезона.

6. Имавте можност да работите со неколку различни тренери во Вардар. Колку тие се значајни во успесите на генерацијата 2007 и колку научивте од нив ?

1035

-Сите тренери, започнувајќи од Томче Трајановски, потоа Зоран Петковски, Филип Спасески, Драган Стефановски и моментално нашиот предводник, Горан Петрески, имаат голем удел во нашите успеси. Сите вложија многу во нас, даваа максимум на тренинзите да не научат да станеме се подобри и да бидеме една од најуспешните генерации на фудбалскиот клуб Вардар. Секој си има свои методи на работа и различно размислување за фудбалот, а ние играчите само го надоградуваме нашето искуство и учиме различни принципи околу фудбалската игра.

70988453_2420534441326721_2801414172825354240_n

7. Дали Стефан ги посетува натпреварите на првиот тим и кој е вашиот идол во македонскиот фудбал ?

-Често ги гледам натпреварите на првиот тим. Секогаш кога немаме натпревари во ист временски интервал, со моите соиграчи одиме на стадион за да ги проследиме мечевите на сениорската екипа. Мојот идол е Дарко Панчев, а многу често на мечевите од детската лига ме споредуваат токму со него.

8. Кој е најголемиот број на постигнати голови на еден меч за Стефан ?

-Многу тешко прашање… Мислам дека има натпревари каде имам постигнато повеќе од десет голови, а оваа сезона паметам дека на мечот со екипата на Фортуна бев стрелец на десет голови. Најважно ми е мојата екипа да победува и да освојува трофеи, а среќен сум кога со моите голови сум дал голем придонес во успесите на мојата генерација.

27

9. Дали имате желба која сакате да ја исполните во продолжение од играчката кариера ?

-Со Вардар сакам да играм во Лигата на Шампионите и да ја освојам златната копачка. Желба ми е да го надминам и Андон Дончевски како најдобар стрелец во историјата на Вардар.

Звонко Ивановски.