Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Пионерките тргнаа со победа во Крагуевац, „падна“ Раднички во 1.коло
(ФОТО) Пионерките тргнаа со победа во Крагуевац, „падна“ Раднички во 1.коло

(ФОТО) Пионерките тргнаа со победа во Крагуевац, „падна“ Раднички во 1.коло

На „Свето Савскиот турнир“  вчера пионерките на Вардар во дуел со тимот од градот домаќин, ЖРК Раднички Крагуевац дојдоа до победа. Со резултат 21-12 девојките на Платон и Папуџиева го отворија овој турнир.

1 2 3

Првиот дел беше исполнет со многу борба, но со малку погодоци. Поведовме со 2-0 дури некаде по половина прв дел, за нас два пати стрелаше Коцева Бојана која погоди во 5та и 9.мата минута. Противникот намали со гол, истиот ракометар повторно беше таличен за ривалот и погоди за 3-1. На одмор се замина со 6-2,  првиот дел немаше многу погодоци, но донесе доста борба, технички грешки на двете страни. За нас дури четири гола во овој период имаше Коцева Бојана која беше една од ретките расположени во офанзива.

8

Вториот дел беше сосема друга приказна, ние успеавме на почетокот да се одлепиме  на 10-4. За нас стрелаше неколку пати, другата близначка,  Коцева Борјана и Равојска Јана во овој период кога се одлепувавме на плус шест. Целосно ја преземавме контролата на дуелот, Од минута во минута ја зголемувавме предноста која на крајот изнесуваше девет гола, ние победивме со 21-12.

9 10

Кај нас по четири гола постигнаа: Коцева Бојана, Сара Стефаноска и Коцева Борјана. По два гола имаа Равојска Јана и Зорица Андоновска.