Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Ве повикуваме заедно да ги поддржиме сите учесници и настанот, да ги стоплиме нивните а со тоа да бидат стоплени и нашите срца
Комити: Ве повикуваме заедно да ги поддржиме сите учесници и настанот, да ги стоплиме нивните а со тоа да бидат стоплени и нашите срца

Комити: Ве повикуваме заедно да ги поддржиме сите учесници и настанот, да ги стоплиме нивните а со тоа да бидат стоплени и нашите срца

Традиционално како и секоја предходна година, го означуваме Светото Крштевање на реката Јордан, кога Свети Јован Крстител го крштева синот Божји Исус Христос.

Се верува дека што повеќе народ присуствува на одбележувањето на тој свет ден, Богојавление – Водици, потопли се водите каде се фрла крстот.

Веруваме дека и душите и срцата на оние кои ќе влезат во водите на Вардар но и на сите други места каде се одбележува, ќе бидат стоплени и спокојни. Тоа е Божја енергија која го крева адреналинот и не носи до состојба на чудна смиреност, да заборавиш на се, да погледнеш кон народот и да го почувствуваш духовното исполнение кое тешко се опишува со зборови…

Како и секоја година повеќе наши припадници ќе бидат дел од ова чествување.
Ќе бидеме дел и од Богојавленската Литургија која ќе се одржи во Црквата Света Богородица од 9:00ч.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме сите учесници и настанот, да ги стоплиме нивните а со тоа да бидат стоплени и нашите срца.