Помина квалификациската фаза во Државното поеднечно кугларско првенство. Следна фаза се дуелите од 1/8- финалето. Истото е веќе закажано и ќе се игра во задутре, недела, 15.12.2019. Натпреварите ќе се оддржат во кугларницата „Мусандра“ во ГТЦ Скопје. Вардар има тројце свои момци кои играат во оваа фаза успеаа да се квалификуваат. Станува збор за: Саша Јанковиќ, Зоран Риситиќ и Тони Тодоровски.
РАСПОРЕД НА ДУЕЛИТЕ:
10.00 Мемеди – Анастасов; Трпковски – Јанковиќ
11.00 Манев – Димовски; Тодоровски – Беличански
12.00 Донковски – Д. Ајдин; Даниловски – М. Ајдин
13.00 Јакимовски - Ристиќ; Матиќ – Соколовски