Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Македонија(Б) по ремито со Македонија(А) дојде до 2.место, девет гола за вардарци
Македонија(Б) по ремито со Македонија(А) дојде до 2.место, девет гола за вардарци

Македонија(Б) по ремито со Македонија(А) дојде до 2.место, девет гола за вардарци

Денес, двете кадетски селекции на  Република Македонија (АиБ)  на последниот ден од турнирот што се одржа во Скопје одигра меѓусебен дуел кој заврши со резултатска симетрија.

Овој меч по голема борба заврши нерешено 22-22, а со тоа Б репрезентацијата на Македонија го освои второто место, зад Србија, додека А тимот заврши на четвртото место. Екипата која беше насловена “Б“ многу повеќе покажа на самиот турнир па и на денешниот меѓусебен натпревар, водеше постојано се до финишот кога ривалите од А-тимот успеаа да дојдат до реми исход.

Вардарци кои настапија за двата тима имаа девет гола, ова се играчи од кадетскиот тим на Вардар Јуниор предводен од Будимир и Станковски.  Чакалиќ  погоди 4 пати, Киселовски стрелаше во два наврата, а Савревски беше прецизен 3 пати. Настапи впишаа и  Михајловски, Калајџиевски и Грујоски.