Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати 14-те играчи кои ќе настапат за Вардар на последниот дуел со Нексе
Познати 14-те играчи кои ќе настапат за Вардар на последниот дуел со Нексе

Познати 14-те играчи кои ќе настапат за Вардар на последниот дуел со Нексе

Во недела, тимот на РК Вардар ќе го одигра последниот меч за оваа календарска година. Во рамките на СЕХА-лигата, гостуваме во Нашице, кај екипата на Нексе.

На овој меч, ќе настапиме со тимот на Вардар Јуниор, што значи дека шанса ќе добијат младите играчи, кои од клупата ќе ги предводи Стојан Петрушевски.

Веќе се познати 14 играчи кои утре рано наутро ќе заминат за Хрватска. Тоа се: Јоаким Анѓеловски, Васил Гогов, Марко Кизиќ ( голмани), потоа Стефан крстевски, Дамјан Јакимовски, Славе Јанковски, Ѓорѓи Дука, Дејан Кукуловски, Давид Гашовски, Ален Ќосевски, Мартин Карапалевски, Димитар Димитриоски, Kристијан Анѓелковски и Стефан Атанасовски.

Мечот во недела ќе се одигра во терминот од 17:00 часот.