Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Брука на “самонаименуваното“ раководство на ФБСМ, тренерот на БК Вардар проф.Пешко со остра реакција

БОРЕЊЕ! Брука на “самонаименуваното“ раководство на ФБСМ, тренерот на БК Вардар проф.Пешко со остра реакција

 Очигледно работите во ФБСМ “чкрипат“ таму има сега некое ново, нелегитимно и неажурно раководство кое го уништува реномето на оваа институција. Последен “гаф“ е соопштението кое го издадоа вчера на 24/01/2017 кое малтене изгледа на соопштение од некоја локална месна заедници, и воопшто не одава впечаток на една федерација освен печатото во долниот дел. Овој непрофесионализам роди гнев кај тренерот на Вардар, почитуваниот боречки работник професорот Љубиша Пешко. Го исконтактиравме и за нашиот сајт тој го вели следново:

Јас водам клуб со реноме, но оваква срамота, аматеризам и неедукативност немам сретнато до сега во животот. ФБСМ е ИНСТИТУЦИЈА. Ајде ве молам прочитајте го текстот од соопштението  внимателно и дали вие  доверливи и лични податоци ќе доставите на некого без име и презиме??? Тие документи се доставуваат на регистрациона комисија, а не на некои приватни луѓе или слично. А пак регистрационата комисија во тајност непристрасно ги обелоденува резултататите после преодниот период.

soopstenie

Соопштението кое ја одсликува “катаклизмата“ во федерацијата

Доколну “спасителите“ не се во можност да ги процесуираат сметките, а ветија дека ќе затворат долг од 20.000 евра, потоа ветија дека ќе   го подигнат нивото на борењето во Македонија, едноставно нека си поднесат оставка на фунциите. И така “самоизбраното раководство“ е нестатутарно избрано, без кворум на собранитео кое Агенцијата за млади и спорт никогаш нема да го верифицира. Особено без учество на Бучим, Тефејуз, Спартак, Студеничани, Вардар.. Со што доколку се обелодени записник од “собранието“ ќе се потврди нестатутатноста и нелегитимнсота на изборот на “самоименуваното раководство“.  Не е решение да се затвори канцеларијата на ФБСМ. Никогаш во историјата на борењето такво нешто не било. Нека проверат сметки и сметководство и нека дадат изветај за провереното. Како, колку и од каде стрества за следните натпревари:

ЕП кадети  2012, Катовице ЕП Кадети  2013, Бар ЕП јуниори  2013 Скопје СП Јуниори 2013 , Софија СП кадети 2013, Зрењанин ЕП Сениори  2014, Ваанта ЕП У23 2015,  Валбриц Евро Игри 2015, Баку ВИЗИ за СП  2015,  ЛАС Вегас,  Македонски Бисер  2015 Радовиш, ЕП Кадети 2016 Стокхом,  2 светски Олимписки квалификации 2016 Инстамбул и  Радовиш Македонски бисер 2016..

Или се на се преку 17.000евра  имам дадено, лични стрества во интерес на Македонското борење, а никој од раководството на ФБСМ ги има проневерено стрествата. Љубиша Пешко – БК Вардар