Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар посилен: Се врати Барсегјан!

Вардар посилен: Се врати Барсегјан!

Вчера ФК Вардар го одигра првиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Нашиот шампион за жал на првиот натпревар доживеа пораз од Стеауа Букурешт.

На воведниот натпревар во Анталија можевме да забележиме изменет тим на Вардар. Во стартниот состав се најдоа двајца новајлии. Едниот од нив беше Џигаури, а другиот младиот Колевски, кој се најде во шпицот на нападот. Покрај нив двајца, во тимот стартуваше и Тигран Барсегјан. Конечно, ерменецот ќе може да му помогне на својот тим во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

Барсегјан по подолга пауза повторно се најде во тимот на Вардар. Последен пат овој играч за нашиот тим настапи на пријателскиот натпревар против Јагиелонија на летните подготовки. Барсегјан на вчерашниот натпревар одигра 45 минути и одма се забележа желбата кај овој играч кој беше еден од најактивните во првиот дел. Исто така на еден наврат Барсегјан имаше опасен продор по десната страна, но за жал соиграчите не ја искористија таа шанса.