Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) РК Делчево Вардар регионална вардарова школа која создава квалитет

(ВИДЕО) РК Делчево Вардар регионална вардарова школа која создава квалитет

Големиот проект за стипендирање и внесување во натпреварувачки систем на голем број регионални школи во црвено-црното семејство ги дава првите плодови. Вардар како најголем бренд во земјава има над дваесет регионални школи под своја закрила. Една од нив е ракометната школа РК Делчево Вардар. Првиот викенд на зимскиот турнир тие во кој се играа кај дамите мечеви во генерацијата 2000/01 и 2002/03 во финалните мечеви освоија едно злато и едно сребро. Покрај тоа добија  четири од вкупно шест индивидуални награди на зимскиот турнир Вардар “Еден живот-една Љубов“.